Пред тоа, само уште пар (веројатно одвишни, но ете, ко некакво регистрирање на денешнава глупава опседнатост со политикантство) зборови за чудовиштето на празнината што ја голта нашата зомбиевска страст: Соголените алчност и примитивност на овдешната политика (видливи, се разбира, пред сè, во владеачкиот политички слој, но во значајна мера присутни и кај другите повлијателни политички групации), како да навестуваат нов бран на резигнација во ионака прилично апатичнава земја.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)