Ваквото нејзино расположение уште повеке го развесели Крстета, кој чекаше некоја кавга или плачка од Анѓа за нанесената навреда, но виде дека и таа е задоволна од поповата постапка, та ни тука не му остануваше некаква тежина на душата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Наша женска среќа: Да родиш, да нахраниш, да успиеш, да расповиеш, да повиеш, да испереш, да спростреш, да исушиш, да собереш, да испеглаш, и гледаш твоето време заминало, снагата ти клапнала, некаква тежина ќе ти легне врз очите, што се рекло, ќе се изгубиш во сонот а без да разликуваш сон ли беше или јаве тоа што помина.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ќе те плисне ветерот, ќе проструи свежина и ќе здивнеш слободен од некаква тежина.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Нејзе како да ѝ падна некаква тежина од душата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Пискулиев зачекори посигурно, подисправено, како да беше фрлил дел од некаква тежина што лежеше на неговите рамена.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Влатко стоеше, потврдуваше само со нишнување глава, некаква тежина му навлезе во душата...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)