Подоцна тоа неверување се претвори во тип на маничен заборав, па секогаш кога ќе се соочев со фактот дека тој не е меѓу нас бев изненаден, како таа информација да има само формална вредност, а никако суштинска... како таа општа констатација да е некаков трач кој набрзо ќе биде демантиран... лично од професорот Гуте кој ќе се појави однекаде и ќе ни раскаже како е таму, од онаа страна на цртата...
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)