Потполна бесмисла доколку времето е една самоуништувачка категорија која се стреми кон Ништост, Ништост која го проголтува сѐ она што било, е и ќе биде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Новиот алфабет, тоа примарно средство за одгледување на нацијата, оснажи некаква форма на идентитет.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ако времето не се сочувува, ако секој миг не е спасен во некаква форма, тогаш самото време е бесмислено, тогаш сѐ што се случува во времето (а сѐ што се случува е во времето) е бесмислено, и сѐ што некогаш било, што е, и што ќе биде, е потполна бесмисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Значи тие ограничувања нѐ принудуваат на некаква форма на комплетност. [...] Сега, Геделовата теорема може да се сфати на следниот начин: ако нашите (човечките) акции во некоја смисла ја опфаќаат комплетната логика, тогаш таа логика мора да е неконзистентна.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)