Детето се приближи до колибата со мачешки стапки, се заслуша во ноќта да не би да допира некаков шум и бргу да се изгуби во неа.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Сосем близу чу некаков шум.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
И како ништо друго да не беше живот освен меко претрчување на невидлив стаорец и некаков шум на ноќна птица врз покривот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Слуша некаков шум во сопчето, но не е начисто што е.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Одеднаш слушнав некаков шум, сличен на плескање на нешто големо по површината од водата.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Барем снегон, кога врне, да има некаков шум, да заплисне, мислеше. Да не биде вака штамовно.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Слушна некаков шум, но не можеше да знае дали го предизвика зажарената гламња паѓајќи во снегот, или имаше и нешто друго.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)