Но кога се населивме во куќата крај брзата река и кога започна, во овие повоени времиња, да нè измачува гладот, татко ми, без своја рода и блиски луѓе, со кои лесно се дели и последното парче леб, западнат во вечното читање на своите книги, сѐ повеќе личеше на некаков балкански Дон Кихот, кој не умее да најде никаков излез за семејството, на чии врати сѐ посилно тропаше гладот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сигурно ќе дојде до прекин на патот на јагулите - за да се изгради некаква балканска варијанта на Беломорскиот канал, со прилагодување на реката - на тој подвижен воден мост на јагулите, помеѓу Езерото и океанот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Според посакуваната судбина од мајка си, синот да му биде ветен во искачувањето и останувањето во цариградските висини на власта, Татко по завршените студии и поддршката на својот вујко во Цариград, ќе го продолжи животот во некаква балканска одисеја со семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тогаш се роди идеја за планинскиот човек -Маклабас (името го даде Поп) некаков балкански еквивалент на тибетанскиот снежен човек -Јети или на северноамериканскиот Big Foot или Sasquoshe како што го нарекуваат северноамериканските индијанци - примитивен шумски човек кој живее во непрегледните шуми на државите Орегон и Вашингтон. Margina #26-28 [1995] | okno.mk 35
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
На балканските ветромети Татко се увери, по доживеаните балкански и светски војни и падот на Османската империја, епохата на комунизмот, дека најпосле Балканците треба да си ја пишуваат својата историја, како хронологија на настаните, личностите, епохите или како историја на обичните зборови кои живееле во хармонија, дури и во сојуз со различните јазици.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)