Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Вториот е да ги прифати последиците, колку и да се погубни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Си замислуваше дека од некаков негов Бог му беше доверена мисијата да го најде и да го оживее овој јазик, оваа култура на исчезнатите, во урнатините на Империјата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така и со Соколета тој си го држеше овој начин, што сега несомнено
олеснува да му пристапи: тој нема на сето да погледа така сериозно како што би сторил некој друг, изненадувајќи се можеби непријатно од необичната исповест, а и Соколе, барем во првиот момент, ќе може да ја претстави работата малку како на шега, како да е тоа некаква негова мимолетна бубица, а не длабока тревога.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не се тоа некакви неговите прашања што задаваат особени тешкотии (ужасен израз, мисли Лука кој се обидува секој збор да го одмери на дланката па со него или да се зближи или да го отфрли, веќе спрема бојата, мирисот или допирот), но комуникации ненадејно како да изникнува некое валкано стакло помеѓу него и она што го чита, па оттаму нетрпението, прочитувањето насила, обидите да се провали вратата и на крајот величенствен лет на часописот или книгата до најблискиот ѕид, следен со пад и едно влажно плоф.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ако дознае дека некој друг имал некаква негова идеја пред неговата да се експонира, тој во главата или некаде на хартија забележува да не го продолжува тој план.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)