Г-дине Среќко, во вашиот тоалет забележав некакви чудни инсекти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Околу тебе се познати фаци, а не некакви чудни и грди странци. (ѝ ја пружа чашата; старицата пие) Испиј ја водата, така ќе ти биде полесно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Грета со дланките ги покрива очите и почнува да се тресе во некаков чуден ритам.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Маргина 37 135 Грета: Се уште ги чекаме пиците што ги нарачавме.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Затоа е најдобро кога тоа ќе те снајде дома, меѓу своите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На екранот се појавува Носко.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Кога порасна нашата Сталинка и стана зрела коза, одвреме-навреме ја обземаше некаков чуден немир.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа и не забележала, бидејќи никогаш не би ни помислила дека Љупчо би можел да стори таква лоша работа: да краде од сопствените родители.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Како што му се фрлив во босите нозе, се заниша и се струполи на плеќи.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Наставникот по фискултура објави дека ќе има натпревари.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мајка ѝ на Соња беше многу лута. Ѝ се закануваше дека дома ќе се разберат; божем ја срамела пред сите и се такви некакви чудни зборови слушав.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Откако се пријавив ме фати некаков чуден страв - или подобро да речам - некаква возбуда при помислата: Што ќе биде ако другарите ми се смеат...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Бев свесен дека е посилен од мене, ама тој час ми дојде некаква чудна сила и сигурност дека ќе го победам.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Се дишеше и се преливаше оживеано од некаков чуден трепет.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Гавазот ја крена и другата рака и почна да прави некакви чудни движења...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Тој седеше малку понастрана, потпрен до дрвената ограда и на некаков чуден начин, ни потсмешливо, ни сожаливо, се насмевнуваше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Знаеше дека е доцна, дека мора да побрза да го нахрани добитокот, да го напои, но чувствуваше некаква чудна безволност, па уште дваесетина минути по разбудувањето остана да лежи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нејзините раце со бели прсти го сечеа воздухот и цртаа некакви чудни шари.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
“ Со што мора да сум искажал не вчудоневиденост од сексуалната ориентација на новиов пријател, која веќе, на мое целосно задоволство, ја имав утврдено, туку сум го искажал наеднаш сменетото чувство за неговото стојалиште во геј-милјето, како во некаков чуден базен каде што оние чинови на возрасен секс во каков што намерававме да се впуштиме се одвиваа на плиткиот крај, без многу опасност дека, од сите положби што ќе ги заземеме, нема да можеме за час да си го вратиме тлото под нозете, додека детските работи како што е слушањето бродвејски албуми... изискуваа од него да се предаде на речиси целосно нурнување во нешто за што мојот прв фобичен изблик потврдуваше дека е прилично длабочко. (22)
Бидејќи упатува на едно обликувачко, изолирачко искуство на несподелива сентименталност, настраната привлечност на бродвејскиот мјузикл – која го враќа геј-субјектот во неговото претсексуално, но екстатично уживање во „детските ствари“ и во сите тие срамни, незгодни емотивни премрежиња на самотното детство – им е многу потежок, многу погорлив залак на геј-мажите од возрасните задоволства на геј-сексот кои го потврдуваат идентитетот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Брат ми веруваше дека Чарлс Дарвин му го нашол вистинското место на човекот - во животинското царство; тој тврдеше дека со Дарвин започнува вистинското сфаќање на човечкото суштество - како креација на природата настаната во преобразбата од еден животински облик во друг, а не Божја креација од прашина со вдахнат божји здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше местото каде што се скина тенката нишка помеѓу нас и нашите заборавени претци: ние бевме првите неверници во долгата низа поколенија од времето на Мојсеј до нас, првите кои работеа во сабота, кои јадеа свинско, кои не одеа во синагога, кои не кажуваа “Кадиш“ на погребението и на годишнините од смртта на родителите, кои не го разбираа хебрејскиот; за нас светиот јазик беше германскиот (брат ми веруваше дека германскиот јазик е единствениот кој во потполност може да ги изрази највисоките вознеси на човековата мисла), се воодушевувавме од германскиот дух и правевме сѐ да бидеме дел од него, живеевме во Виена, престолнината на Австро-Унгарија, која беше нарекувана “светата империја на германската нација”, и со некакво чудно воодушевување, со кое го прикривавме зазорот кон својата традиција, ги прифаќавме тогашните навики и однесувања на виенската средна класа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Со денови зборувавме за Добрата Душичка, се надевавме дека ќе се појави, а потоа ја заборавивме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа попладне сѐ потона во некаква чудна тишина. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Им вели дека во игрите зборуваме на некаков чуден јазик, но од движењата што ги правиме и од предметите што ги имаме во рацете (дрвени пиштоли и смешни лакови и стрели) може секој да заклучи дека се работи за игри во кои многу се пука, се покажува јунаштво, то ест многу се умира.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Земјата се притајувала под нивните крвави стапалки и со некакви чудни и подвижни дамки им претскажувала плитки јами.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им ја кобеле утрешнината. И добитокот ќе ни падне од чума, мислеле.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Тоа Језекил продолжуваше. Змејко се превиткуваше во своето легло од некаква чудна болка заради Језекил.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А еднаш, кога можеше да се обѕрне, тој ја откри и целата шума околу себе, која на некаков чуден начин продолжуваше за сето време да се движи околу него, едвај осетно залелкана и во едно бавно, но постојано одминување. Најпосле се најде и себе си, сиот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А едно момче во бело, со некаква чудна подуеност на модрото лице од студот, оди напред пред сите, со барјачето и со белата наметка што ги даваат во црквата за таквите редови, додека тие стојат со сонати капи крај патот, сигурно враќајќи се од училиштето во тоа зимно пладне со еден силен и црвеникаво нечист одблесок на сонцето од зад валканите облаци, и засипнатиот селски поп со извиткан тенок како штичка блед нос и со проседавени валкани сиџимки нечешлана коса, спуштени по измрсените рабови на свечената одежда пее бесчувствено и колку да помине редот одвреме навреме: „Вечнаја памјат, вечнаја памјат“, затегнувајќи на секое „а“, а потоа некое од сите тие деца крај патот вели: „Дојдете“, и тие заминуваат со поворката кон гробиштата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа го донесе разденувањето, кое сега беше бело и преполно со некаква чудна заискреност.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Беше некаква чудна грутка, истопорена таму, во нивните гради, заедно со измореноста, воопшто не беше студен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ја најде тука, пред себе, речиси исто онака блиска, како што му беше и онаа куќичка на крајот од селото, но оваа тука сега имаше некаква чудна предност со тоа како изгледаше во овој снежен ден.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И навистина, тој имаше некаква чудна кројка; јаката му се смалуваше секоја година сè повеќе, зашто служеше за крпење на неговите други делови.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Појдов не сосема тажен, појдов со некаква чудна, непозната среќа, целиот пат до Баска го минав среќно.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кратка насмевка му болсна на усните, му го озари лицето, нешто спасоносно му заигра, со некаква чудна среќа ме успокои: - Биди си спокоен, Леме, твојот пријател здрав и жив ќе ти се врати, - па потоа од куферчето што беше полно со творби измолкна една тетратка испишана со стихови, исцртана со цвеќиња, ѕвезди и знамиња, па ми ја подаде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во неговата средина, зголемен од заоблената површина, се наоѓаше некаков чуден, розов, извиткан предмет, кој потсетуваше на роза, или на анемона.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во него се бореше некаква чудна мешаница од чувства, иако не беше вистинска мешаница; тоа беа повеќе пластови од чувства, од кои не се знаеше кое е она основното.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но секогаш кога се приближуваше со чунот полн риба до контролорите кои требаше да му го земат десетокот за еминот, нему му доаѓаа пред очи некакви чудни слики на непознати места, некакви други рибници каде што тој ловеше сам во свој далјан, некакви други брегови и весла што со леснотија на крилја го цепеа среброто на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се плеткаше и околу Маркота на дуќан, но сепак најмногу околу Калија, гледајќи ја со некаква чудна тага нејзината убавина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А по нив одеа старците, стариците - дедовците, бабите - мајките, жените, невестите, момите, момичките, децата... дури и кучињата - верни чувари на домовите и имотот - со некаков чуден цвилеж - тргнаа по нив.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
- Студираш ли? - праша тогаш Марија. И некаква чудна, не непријателска завист ѝ светна во очите.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ете, ова е бисерот. Тешко е да се забележи некаква Чудна Јамка во овој бисер, затоа што, во стварност, Чудната Јамка се наоѓа во школката одн. во доказот. okno.mk | Margina #17-18 [1995] 33
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Сѐ беше во некаква чудна подготовка, исчекување и на штрек.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Зраците ја осветлуваа големата просторија и таванот добиваше некакви чудни бои. А сликите тоа беше вистинско чудо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Па ако тргнам по шините, тогаш ќе стигнам до Битола.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Крвта, Пандо, има некаква чудна моќ...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Човекот виде што правиме во песокот, се насмеа, ја остави чантата и почна да прави некаква чудна куќа со дебели ѕидови, високи кули, широки врати, со стражарници, со топови, оградена со вода, ја правеше и ни раскажуваше за некои кралеви, во стари времиња, за маѓепсани принцези, за змеови.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Наместо да даде одговор, се обиде да им раскаже некаков чуден сон, но му објаснија дека толкувачите на соништа одамна се отпуштени од болницата како непотребен кадар (во тоа место сонувачи речиси и немаше).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Потем, една ноќ, сони нов збор, кој му изгледаше поприкладен: “академија”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За манастриот велеше дека би требало да се вика “лицеј”, оти тој збор повистинито ја претставувал убавината на градбата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И, се поболе отец Ангелариј од жал, од некаква чудна болест: почна да им ги заборава имињата на нештата, и многу нови, чудни зборови употребуваше за да ги означи предметите.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Беше ставена во стаклена кутија со дрвени рамки, пред неа гореше нешто како мала свеќичка, ама не беше тоа, а на фотографијата се гледаше жена со дете во рацете, а некакви чудни дечиња со бели крилја, летаа над нив во облачињата што се белееја.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Над плажата се нишаа некакви чудни дрвја и уште почудни плодови се наѕираа низ нивните гранки, а сонцето беше веќе на заоѓање.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И се растреперив од некаква чудна среќа.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)