Иако не го гледав, чувствував дека татко ми е збунет и дека во целата наша несреќа со мајка ми, никому не му падна на памет - во тоа, што јас ја изнесов Ели од сета таа стравотија, што паѓаше и се уриваше, да гледа некакво посебно јунаштво.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Кога конечно ќе ја прочиташе според него вистинската книга, а таа беше секогаш последната, според распоредот на рафтовите во библиотеката и редот на читањето што само за него имаше некакво посебно значење, тој ќе си ја ставеше старата излитена вратоврска и црната паларија донесени уште од Цариград и излегуваше во старата чаршија да се види со своите најблиски верни пријатели со кои играше балкански покер.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)