Тој, пак, султанот, Мурад I Ходавендекер, во склад со својот лукав и сомничав ум, искажа милост: сомневајќи се дека некој друг ќе може толку успешно да управува со Имотот колку довчерашните стопани, и сомневајќи се дека ќе може некого друг, некој Турчин на пример, да го ограбува колку нив, на Акиноските им го остави Имотот, а заедно со него и титулата и господството над целата Потковица.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На ниту едно место во расказот Пол не искажува ниту најмала сексуална заинтересираност за никого од својот пол (ниту пак кон некого друг, ако е за право).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Далеку од тоа дека каните некого друг да ви се придружи во романтично блаженство, далеку од тоа дека на додворувачите им објавувате дека сте ја научиле поуката од филмот, дека душата сте ѝ ја отвориле на можноста за геј-љубов и дека во животот сте подотвориле простор за некого со кого ќе го делите, упатувањето на „Планината Броукбек“, всушност, укажува дека немате ниту потреба ниту место во животот за никого друг, бидејќи внатрешниот свет ви е сосема обземен од геј-романсата што веќе си ја живеете таму во крајна и доволна мера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Еднаш во Бостон, пред многу години, прашав еден пријател, кој со години и години живееше со истиот дечко, дали некогаш им дошло да се венчаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„О, никако,“ вели засмеан, „ќе се испокараме кој да носи венчаница“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Пол е, можеби, најгеј-лик во целата книжевност,244 барем во смисла на тоа дека големи делови од наративот на Катер изгледа се намерно устроени за да му се придаде на секое негово својство и дејство некое преопределено геј-значење.245 Но, тој е сушт настран сензибилитет и хомосексуална желба.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кај нив работата не е да се биде со некого друг.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кажи: имаш потреба да се скриеш
од сѐ и од секого,
ништо и никој да не те гледа,
така ќе ти биде полесно
да излезеш на крај
конечно на крај
на светот
но барем кажи:
тогаш сфаќам дека
се претворам во некого друг
налик на говорна фигура,
и се гледам со очите на другиот
и не сум сама, не сум јас ...
кажи - очите на јазикот дебнат
саноќ, дебнат везден
јазикот е видовит
гата, прорекува и се провлекува
отаде времето
кога му се испушта да каже
нешто што не треба
кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)