„Знаеш...“, неочекувано му рече Германија по неколку месеци, станувајќи од масата да ги сервира приготвените шницли во бешамел сос со печурки.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Неколку месеци што седел Силјан тамо, во сите полски работи им помагал.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Во 1889 година бројот на стипендијантите на тоа друштво се зголеми, за да се намали по неколку месеци: во ноември месец на таа година околу 40 души ученици Македонци едни тајно, други јавно и демонстративно, поминаа од Белград во Софија за таму да учат (се разбира, со бугарски пари).
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Веќе неколку месеци излегуваше весникот „ РЕПУБЛИКА“, сопственост на долгогодишниот политички затвореник Сашо Борисов, кој што отворено ја критикуваше владата.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Си заминав од под спомнатата лозница пред една година и неколку месеци без збор да ѝ речам на тетка Боса за втората смрт на Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)