Гласот како да доаѓаше од некоја далечина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А потоа...потоа... кога се раздени...оној со црвени очи и оној со зелени заби ме спуштија во јама со железна крошна обесена на подвижен чарк... ме одделија од денот...
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Среќата за него изгледа беше коњот, некоја далечина а истовремено и столот на кој ќе седнеше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)