Хајнерле ги чувствуваше тие премолчувања, и од нив бегаше со погледот кон некоја дамка на ѕидот, кон мушичките кои летаа среде собата, кон прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се приближив и ја видов тетка ми како решително, со крпа, ги брише завесите од кадата, одвреме-навреме подзастанувајќи да подзаструга некоја дамка од вода што ги избегнала нејзините широки замави.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Матилда сѐ почесто го оставаше сам дома, кога одеше да купува лекови за Зигмунд, и да ги носи кај него, и раскажуваше дека, кога се враќала во станот, го наоѓала Хајнерле седнат на подот, со отворена шаховска табла, а во рацете ги поземал фигурите и разговарал со нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
– Се разбира дека било, не можело да биде почисто. – Ама, сепак, останале некои дамки на времето!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сакав да дознаам нешто повеќе околу организацијата на натпреварот, како, на пример, кој ја бира комисијата, колкучлена е, дали има претседател и дали сите куќи се предмет на испитување, но мислите ми ги прекина гргорот во цревата, кои повторно ми се разбудија, потсетувајќи ме на мојата стара тежина, којашто тукушто требаше да добие ново засилување.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)