Симон, кој како дете, и дотогаш земал по некоја задача да однесе ова или она, до ова или до она место за борците, таа ноќ се случило да се најде кај брат му Борко, кај командантот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Кога објаснуваше некоја задача, плунка му се лепеше за десниот заб и му се фаќаше за долната уста, и како што зборуваше, така плунката, упадливо бела и пенеста, му се тегавеше.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Мене, пак, ме учеа во социјализмот да не верувам во бога, но јас си имав своја сопствена претстава за него, знам дека постои нешто отаде заумното, знам дека сме дојдени со некоја задача на овој свет и затоа сакав да имам деца, можеби и нешто повеќе, што ме чинеше еден брак, сакав да бидам креативец и да оставам и нешто духовно зад себе. И без религијата – преживеав,
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ако имате некоја задача за денес, не оставајте ја за утре!
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)