Трепереше пред тој миг, но беше и некое задоволство, додека го сеќаваше како му наидува.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Субјектот на експериментот сето време бил самиот Павлов: тој бил извршител на експериментот и тој е оној којшто стекнал некое задоволство од знаењето што експериментот наводно требало да го востанови.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Беше и некое задоволство да се гледа во него, онака смирен, и покрај оној ладен напен, што го смени плачот во неговите очи.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ги виде ѕвездите и како да почувствува некое задоволство што им го гледа истиот оној распоред каков што го гледаше и порано како дете и младич, пред да замине од селово, зашто потоа, скитајќи по светот, секаде тој распоред - му беше различен.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Богуле го слушаше со отворена уста сиот внесен во она што го раскажуваше Илко и чувствуваше некое задоволство и радост што дедо му, нему, како на возрасен, му ги раскажува овие работи. X Камбаната на црквата уште од зори удираше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Силен бес откри огнот во очите на деверот, ама и некое задоволство што се во средината на просторијата и што огнот е нивен.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
И мажите и жените се пресоблекуваа во полутемнината без да водат сметка дека нешто може да им се види, го правеа тоа махинално, набрзина, жените сувите фустани прво врз глава а мокриот под него полека го смакнуваа и немаше што да се види, ама мажите не само што не се срамуваа, туку тоа го правеа и со некое задоволство, ако некоја сака да види нека види, ако не сака има раце, нека си ги стави на очи.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Но, самоосознавањето во Играта се непредвидливи како и Играта сама, па зашто тогаш, кога сè уште владеам со неа, во староста да не си дозволам уште по некое задоволство.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)