некој (зам.) - книга (имн.)

Ние децата го гледавме како си заминува, по долгиот разговор со татко ми, но и со некоја книга или записи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Дај ми некоја книга за читање! - молеше другарот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Добро чувај ми ги и пази ги.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Можев за тоа да погледнам во некоја книга, но таквото проучување... бубачките... не е за жена.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ако вечерва во огнот полета и некоја книга повеќе, нема да има толку голема штета како кога во огнот би била фрлена една премалку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Кога ќе откриеше некоја книга или некој ракопис, во својата библиотека, кои ги сметаше заборавени засекогаш, Татко почнуваше да им зборува на своите книги, како да беа живи суштества.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега жалеше што со себе не понесе и некоја книга, некој учебник, со нив полесно ќе му поминуваше времето, книгата можеше да му биде другар во долгите часови на осаменост.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Помисли да земе некоја книга за читање, но си рече да не изигрува интелектуалец кога веќ е се согласил да биде физикалец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Оваа „временска“ знаковна функција на сувенирот се проширува врз секој предмет - објект, кој (за мене) означува еден момент - макар тоа да е посвета на некоја книга, то-ест нешто што не мора да има материјална вредност и израз (како следниот натпис: 21 февруари, на пример).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По извесно време забележав дека и татко ми навечер чита некои книги.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Исто без збор му ја враќав кога ќе ја прочитав, и чекав да ми донесе друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исчекувањето беше идеал, како и невиноста; дури и кога љубовта, потајна, каква што налагаше времето, ќе се родеше – требаше да се оствари тој идеал на чекањето, да се страда во тоа исчекување и во стравот дали соединувањето на двете души и двете тела навистина ќе се случи и, како во некоја религиозна приказна, тоа страдање беше искупување по кое како награда требаше да следи вечна љубов, онаа која ќе трае и по смртта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд одвреме – навреме, скоро без збор, ќе ми дадеше некоја книга која од гимназиската библиотека ја позајмуваше за мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За оние нешта кои требаше допрва да дојдат дознававме од пријателките кои имаа постара сестра или братучетка, или од некоја книга, и дознаеното, она што беше како гледање низ дебел превез, предизвикуваше страв и срам, а во исто време и копнежливо исчекување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прво што му падна на ум беше помислата оти бара некоја книга напишана или не, но која има знак на реткост и мирис на дамнина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа нешто „бара некоја книга“, „напишана или не“, „со мирис на дамнина“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Змејко ниеднаш не чувствуваше дека му недостасува нешто, кога имаше една таква жена, како Мара, еден таков син, кој на крајот од секоја завршена година во гимназијата во градот носи сведоштва со одлични оценки и по некоја книга награда, но Мара ниеднаш не се ослободи од сенката на таа тага.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Решија веднаш да дадат прилози за него, но успеаја да соберат сосема незначителна сума, зашто чиновниците без тоа веќе се беа истрошиле вложувајќи за портретот на директорот и претплатувајќи се за некоја книга, што им ја предложил началникот на одделението, кој му бил пријател на авторот, и така, сумата излезе сосема безвредна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше доволно време да прелиста уште некоја книга, ги подготви белешките.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како автор, имам исклучиво право да решам дали некоја книга со мои трудови ќе биде објавена или не.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Дали да заминам во кафé, со некоја книга?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Обично кога патував, а не возев самиот понесував по некоја книга која во тој период ги пленеше моите мисли.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И речиси во секој премин на цивилизатори или варвари не престанало да се убива, да се масакрира, да се владее...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Интересна си им, се пошегува таа со мене.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Почнав да учам некои административни работи, шефот Ристо ми даде машина за пишување и некои книги да ги водам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Беше сосем неверојатно дека каде било во Океанија постои примерок на некоја книга печатена пред 1960 година.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неколку книги. Секогаш, така, носам со себе некои книги.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можеше за неа да се каже баш она што бев го прочитал некаде во некоја книга дека сѐ што е благородно, самото по себе е од тивка природа и како да спие, сѐ додека не го разбуди некоја противречност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Последното што го најдов испишано од некоја книга, како потсетник за нешто, не сум знаела за што во тој тогашен момент, беше: “... недостигот на лична смисла и суштина го добива својот најсилен израз во едно судбоносно осакатување на животното чувство, на едноставниот секојдневен живот во неговата повеќеслојна и раскошна целина“.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Зборував со библитеката, велам јас, прашував за некоја книга.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми носат и по некоја книга.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Земаше по некоја книга, ја прочитуваше и ја враќаше назад.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За среќа, беше останала по некоја книга уште од гимназиските денови, па имаше што да се прочита.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нејзините ѝ пишуваа од Цариград. Ѝ испраќаа по некоја книга, но таа немаше време да чита и да си го доварди мајчиниот турски јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога баравме некоја книга од татковата библиотека, од отворените страници во нас беа вперени погледите на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ако Дејв му наредеше на Ренди да остане во својата соба или пак го казнеше на некој друг начин - а тоа се случуваше почесто од што Дејв би сакал - со најсуров и полн со омраза глас Ренди ќе му речеше: „Оди прочитај некоја книга, Г-дин Читачу.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во ранецот носев свиткани фармерки и блузи, шише за вода и по некоја книга.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Внимавај. Некоја книга. На француски.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Е там... абе, ти чујал ли се за армасанте? - За што? Да не мислите за оној Асанте што го играше Одисеј?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Да го завртам низ скопскиот кеј, слушајќи го крцкањето на паднатото лисје под заитаните тркала.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чита некоја книга чијшто наслов Милчо не може да го види затоа што ја држи книгата свиткана во една рака за да може сладоледот да го држи во другата рака, и сè така лижнува: подиставајќи го јазикот и вовлекувајќи го во устата; задлабена во книгата, сè тоа несвесно ги чини; ако ѝ капне сладоледот на раката, таа и раката ја лизнува; ако ѝ капне на голите колена, таа и нив ги лизнува не оставајќи капката да ѝ се разлие.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Потоа заборавам речиси на сѐ, бидејќи таа “внатрешна” принуденост завладеала со мене, ме покорила. 38 Margina #11-12 [1994] | okno.mk 4Ја споменувате внатрешната принуденост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако му се посочи некоја книга за која има причина да помисли дека е занимлива, тој ја набавува и ја чита (Витгенштајн, Набоков, МекЛуан).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од нив е да го врати потегот кога ќе стане јасно дека бил лош.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа го прави така што чита часописи, ги посетува галериите и студијата, одговара на телефон, разговара со пријателите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што дотогаш сум напишал за секунда станува поништено, или, поточно, како да е фрлено в море. 4Како се раѓа идејата за некоја книга или статија? 4Еден вид на животински инстинкт тежнее кон присвојување на нешто што секо­гаш, секогаш доаѓа од некој надворешен предизвик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
ЛИНИИ* Со особен интерес и внимание читате некоја книга.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Некои книги, како “Бог и науката“ од Л. Бјухнер, “Жената и социјализмот“ од Бебел, “Сибир и заточените во Русија“, “Подземна Русија“ и други од Чернишевски, “Речи и прокламации“ од Иго и други, биле дела што некои од учениците ги читале со поголемо внимание отколку книги во врска со редовните предмети6.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дури тогаш забележав дека е тоа некоја книга на француски што мајка ми ја заборавила во мојата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само таа во нашето семејство знае француски. Ние тројцата сме „Англичани“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Земи сега читај некоја книга, немој да окапуваш пред телевизор, како што си знаеш, и сè да гледаш, и што било и што не било, тие дебилните квизови, тие глупостите, очите да си ги расипуваш за џабе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Читањето го имаше почнато со некоја книга од Јунг, а следна му беше „Островот од претходниот ден” на Умберто Еко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Татко ми, пак ја дочитуваше токму неа и воодушевен, одвреме – навреме на глас нѝ читаше по некое парче или нѝ раскажуваше дел од содржината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)