Намуртени, озлојадени, загрижени, тие брзаа да се доберат до некоја колиба или трло каде што ги оставаа кременачките, косите или крклизите и бараа некој обичен, предмет — јарем, палечник, плаз, некој сноп 'ржаница да кренат на рамо и со него да си влезат в село, незабележани, оти знаеја што ги чека дома сите оние што беа им се придружиле на комитите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сигурно им било студено на децата, живееле во некоја колипка на крај село.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)