Во тоа му помогнуваа и неговите преморени зеници, во кои, со некоја магија на белината и пренапнатоста, како на филмска лента, беа сочувани сите движења и сето оддалечување на оние двајца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чкртко-Шкртко си заминува, ние снимаме на диктафонот врз една лента која преживеала неколку слоја на „психо-активни“ разговори и која ми ја позајми, претходно бришејќи ја, мојата пријателка Венка, директ од психолошкото советувалиште чија сопственост е и овој диктафон, гледаш, кој е ко Алан Форд, нашата Темплум-компанија, Сашо се смее, веруваш дека има некоја магија во тие палимпсестни гласови под, незнам, и така, формално се врти црвеното светленце, чисто да одиграме до крај, иако и двајцата гледаме дека во таа партија веќе нема страст, чао макетонецу, чао маусдонецу, вашата уметност е мртва. Margina #19-20 [1995] | okno.mk 57
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)