некој (зам.) - мајка (имн.)

Веќе е добро смрачено. Некои мајки викаат од портите или од дворовите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Одвреме – навреме , по некоја мајка, потоната до дното на очајот, одеднаш ја здобавува хистеријата и гледам станува, грабнува меч и почнува и таа да коли.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Сите викавме, а по некое дете и ќе се расплачеше од неочекуваниот снег во вратот, некоја мајка ќе се возлеше, некој татко ќе подвикнеше.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
А главата во облаци, и баш ми беше гајле дека некоја мајка се секирала за мене, мене ми беше убаво.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некоја мајка и ќе си го натепа, ако треба.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога го крстивме, кога попот и другите луѓе се чудеа на неговата невообичаена големина, ти им објаснуваше дека и доктор ти рекол дека такво нешто може понекогаш да се случи кај некои мајки; тоа зависи од мајката, од исхраната, од движењето и времето во кое се раѓа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури расправаа за некоја мајка и татко, дека откако им се родил синот, го дале во дом да се чува. Имале пари да платат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чекај, чекај, мислам дека сум го гледал филмот, ама не ми текнува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За што се работеше?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
АРИЕЛ ШРАГ: Немаше таму некоја мајка и некоја ќерка?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
КРИСТИЈАН СИРИЈАНО: Не.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
КРИСТИЈАН СИРИЈАНО: Звучи феноменално!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од дворот зад црквата некоја мајка успиваше доенче. - И-а-и!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Нивната желба за споделување на таа грижата не е знак дека некоја мајка помалку си го сака детето, туку дека на жената ѝ треба малку време и за себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара секогаш зборуваше за мајчинството како за нешто што им се случува на другите, како нешто во што може и треба да помогне, ако некоја мајка се нашла во невоља.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тоа дека само мајките треба да се грижат за децата е наметнато од страната на мажите, за да им го одземат целото слободно време на своите сопруги.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Самата таа никогаш не спомна дека посакува да стане мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)