Дали и забележуваше само на својата лековерност и поводливост кога тргнала по младичот кого речиси и не го познавала?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И така, во некој момент имаш заокружена приказна.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Вака, отстрана гледано, можеби некои моменти од престојот на Лена во Долнец дотогаш изгледаат не толку важни, но таа постепено чувствувала дека мора да заземе одреден став.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Во секој случај во разговорите со неа не се навестуваше ниту една личност, ниту пак беше спремна да укаже на некој момент од минатото што ќе можев да го поврзам со нејзиното мајчинство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Спомнав некои моменти од заминувањето на мајка ми кон планината што можеби нѐ приближуваат кон нејзината патека на вистината, но сепак никогаш не сфатив кон кого беше упатен оној нејзин прекор, (за грдотиите и убавините на животот) и тоа изречен толку отсутно, без секаква врска со претходните размисли.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Никакви загатнувања. Никакви обвинувања.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)