некој (зам.) - период (имн.)

— Дали во некој период сте одржувале врски со монархофашистите?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Иако по некој период му го простив тоа и се чинеше дека за кратко време сѐ ќе си дојде на свое место, се случи уште едно негово извинување, дека не може да дојде на закажаниот состанок, во нашето, до вчера, омилено бифе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На некои места беа поплукани од муви, што значи некогаш, во некој период, тие стоеле на отворено.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)