Одвреме-навреме ќе се пронесеше вест низ селото (вистинска или лажна) дека го виделе Анко во некоја пештера во планината и џандарите започнуваа со потера.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
- Во Суматра имаше една жена што за пари ги преземаше гревовите од луѓето и ги носеше во некоја пештера каде што во света вода ги потопуваше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И Толе ја осети својата сила и големина. Почна јавно по Мариово да шета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Многу старци и старици се пренесоа во далечното минато и почнаа да тврдат дека овој ќе биде Крали Марко, кој преспал петстотини години во некоја пештера по Мариово, каде, кога влегол ја закачил сабјата во стената, која сега сама паднала, го разбудила и му рекла дека дојде времето кога треба да му одмазди на Турците за нивните зулуми.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Не затоа зашто сум била да речеме неприемлива за неговите резони, како што тој тврдеше, туку еноставно затоа зашто од тоа здание и од таа градина, секој ден како од некоја пештера излегуваа на јаве чудни, неверојатни приказни, во кои понекогаш се замешуваа и смртни случаи, па и цели семејни трагедии, а не беше редок случај, помеѓу сите тие приказни, да прошетаат и имиња на видни граѓани.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)