Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Просска големиот на Богородица, некоја пцовка пушти деверот Геле, ама не се случи ништо - тој се протурка, излезе до огнот и парталче по парталче го топореше пред него.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Викаш: „Ура!“ Или само мрмориш некои пцовки што ти идат сами на уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Видливо беше дека таа сакаше да ја ублажи горчината врз која падна молк и по некоја пцовка заедно со нечиста плунка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)