„Не постои слеп пат“, ме уверуваше Пеперутката, „освен во случаите кога станува збор за некоја стапица“. (Ќе потсетам дека и ноќта за која зборуваше Пеперутката, беше ноќ на полната месечина.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
На еден рид спроти нас гореше оган, чиниш се дига во небото, никако да згасне, па јас му предложив на комесарот и заменикот да одиме до таму, можеби се работи за некоја стапица.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога би било некое питомо живинче, - мислеше сега, сосема слободен и како избеган од некоја стапица во себе, наеднаш наполно лесен и радосен со таа своја ослободеност, - кога би било некое питомо јаренце, мислеше, што си го израснал самиот, тогаш е нешто сосема поинакво и тогаш сигурно би можел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Често се случуваше некој од тие врази просто да измисли слична игра, да ви постави некоја стапица, да ве фати и така убаво, на самото место, што се вели, да ве предаде.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)