Најупадлива разлика е насоката во којашто јазиците се пишуваат - одлево надесно, оддесно налево (на пр. арапски), озгора надолу (на пр. традиционалниот јапонски) и невообичаениот смер одоздола угоре (на пр. некои форми на старогрчкиот).
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Човечките суштества отсекогаш живеат во некоја форма на општествена констелација - од племиња до соседи, од феудални властелинства до мултинационални царства.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Но постои, меѓутоа, во сциентизмот, ако не дури и во науката, донекаде наивна верба во некаков тип на транспарентност на јазикот, во некоја форма на вештачки јазик, во некој вид на апсолутен конвенционализам или апсолутна формализација на јазикот, на која може да се редуцира она што му е својствено на природниот јазик.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Дали настапува фрагментаризирање или цепкање на она што умот порано можеше да го опфати како некоја форма на единствена смисла?
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Спротивно, да се стекне искуството на вистината е некоја форма на минување надолж и напречно.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Доколку Duchamp можеби и не го читал Peladan, знаеме барем тоа дека ги читал Laforgue и Mallarme, поезијата која често ја опседнува фантомот на хермафродитството, поезија во која, пред сѐ, посебно кај Laforgue, повторно се појавуваат темите за целибатот, девственоста и „Ева без здив” („Eves sans treve”); кај Mallarme во Herodiada, на пример, сексуалната реалност повеќе се доживува како некоја форма на церебрално надразнување, интелектуално скокоткање, отколку како возбуденост на сетилата.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Тоа е некоја форма на митолошко дејство.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Во лексиконот на Abraham Bose, Набљудувач Брокхаус читаме: Приказ на некоја форма изобличена според некои правила, со помош, на пример, брусени стакла или посебни огледала, или пак со зазамање на посебна точка на набљудување.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
За женската челадија имаше некои подолги варијанти, бичим фустан, а за посилниот пол некоја форма на сако.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Тие сега не беа калливи суштества, што се пентарат по скелињата, нити пак ситни точки, што се движат некако чудно, како клопчиња, по улиците малечки и валчести, гледани од највисокото скеле, со чудна некоја форма и со уште почудни движења.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стануваше наутро рано пред да мине некој крај езерото, се вовираше во трските, во шеварите, крај Громосаната топола, крај Блосоените врби и бараше, наоѓаше по некоја форма исфрлена од езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Другата теориска можност се разбира е солидарноста, но не знам како се стига до неа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Едниот води во рамнодушност или дури во некоја форма на хетерофобија којашто денес си ја присобира силата ширум Европа.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)