Ослушувајќи ја со некој внатрешен слух болката во здробената рака, се исповедуваше како пред сопствен олтар: кога имав седум години пронајдов дека чевларот од нашата улица не е некој друг туку самиот сотона.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Конфузија во зениците на болните поради очајното барање на крајот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Човечката природа е деструктивна, сите се справуваме со некој внатрешен демон, но не смееме да го храниме со омразата, презирот, болката, да се доведеме во состојба на рамнодушно непревземање ништо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Старецот сега трепереше од некоја внатрешна возбуда.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Но од тоа слепило зрачеше некој внатрешен вид - црн и недомолив, зол. „Дојде ли да решуваш гатанки?“ извлече тој од некоја фиока во себе а Отец Симеон забележа лек трепет под едното негово око.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
И тогаш сосема смирено рече дека болката, на која се жалеше пациентката, може да е резултат на некоја внатрешна инфекција.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од оние со кои подоцна разговарав и се распрашував за тоа што човек бил Борко во војната, речиси сите се согласуваа дека уште на почетокот, во 1941-та, покажувал храброст, но не некоја храброст сама за себе, туку храброст чиј мотор е во некоја внатрешна амбиција која често не води сметка ни за другите луѓе, ни за другите нешта.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)