На дебелите паднати и на кутнатите од бура борови стебла, седат вооружени, од сонцето поцрнети луѓе.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Како да си во некоја волшебна пештера, сто метри под земја.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Заскитуваше меѓу јасиките, го слушаше тихото шумолење на нивните трепетни жолти лисја, како да слушаше некоја волшебна музика, а потоа спокоен се враќаше кон колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Право да ви кажам: малку сум и лута на учителката по виолина која не ми кажа со време што да правам кога меѓу знаците на нотниот пулт ќе ми слета некоја волшебна птица сета расчучулигана и распавтана со многу стари песни што не ги знае ни татко ми.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Во недоглед се протегнала рамна планинска рудина, опкружена со дебели зелени борови, која се чини како од некоја волшебна приказна.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Брзината на автомобилот за час ни фрла пред очи куп убави и непознати нешта, а потоа уште побрзо ги брише. Како некоја волшебна гума...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Брзината на автомобилот за час ни фрла пред очи куп убави и непознати нешта, а потоа уште побрзо ги брише. Како некоја волшебна гума...
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)