Текстот му стана интересен веројатно поради лично ненужниот податок дека кучињата во животот на луѓето се појавиле пред 14.000 години, од увидена потреба, но, веројатно, и поради некоја ирационална љубопитност во обидот да ги припитомат, и од која подоцна произлегла потребата за одбрана од дивите ѕверови.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Една османскотурска заемка ќе ги води по два или три пата на разбирањето, но без некогаш да се стигне до вистинската смисла, како да водеше до некоја ирационална цел.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски, кој, впрочем, ја предложи на почетокот од работата потрагата по опасните османотурцизми, макар што беше мошне темелен во толкувањето на заемките кои беа под негово негова надлештвонадлежност, започна да покажува поголема нестрпливост отколку Татко да одат до крај на мисијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)