Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Гледам, од некоја мирна оддалеченост, како острото сечиво на ножот, сигурно водено од кревката девојчинска рака, се наближува, а потоа забодува во мојот стомак“.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Марко почна да страхува дека не само Едо туку и самиот тој запливува по некоја мирна вода, во живот без акција така што просто им се радуваше на можностите кога барем еднаш месечно одеше на пат во Америка или низ Канада од Монтреал до Калгари.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)