Боженце, има ли нагоре едно педесетина аршини? се праша Петре, трештен, и загреан од некоја незнајна топлина.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Дрвјата ги зафати некоја незнајна болка како семејство зафатено од тага.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
И видов: на средето од собата, Мозаичник некој незнаен и дамнешен, мозаик преубав сочинил од камченца ситни колку прашинки: мрежа дванаесетаголна, со конци совршени, и во средето на мрежата ново среде, второ среде: пајак црн, сонце на вселена мала и уредена, сподобие раскошно, моќно, најсилно на светот, совршено оти од утробата своја плука и раѓа совршеност; и видов; на средето од пајакот, трето среде што беше, нацртан бел крст, и точно местото каде се спојуваа краците на крстот – средето на светот, точката по која копнеел големиот Архимед, најврвната тајна на сите светови!
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)