Потоа паднал преку мртвиот и го продолжил својот нов занает со заби, на кучешки начин кинејќи ја 'рскавицата на гркланот додека крвта од она место кај што му било увото се мешала со нешто потемната крв на проклетиот татко, неколку години потем на тоа место да не никне ни најдива тревка...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стани Кристина, движи се, те преколнувам, одговорна си за својот живот, тој е како оган, мора да се чува, не си во прашање само ти, во прашање се некои свети небесни принципи, не знам како да ти објаснам, те бацувам и те молам и те сакам, стани, оди. Ќе пропадне светот, никој не прави ништо.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Оттогаш, во знак на набожна покорност, поколенијата на едноокиот, најверојатно по совет на некој свет човек, носеле на левото уво златна обетка и иверка свето дрво под гушата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)