Се чинеше, Орде барем така си помислуваше понекогаш, а и сега кога нункото му кажа за нејзината љубов, - дека тоа заправо не се татко и ќерка, ами дека е тој некој силен и лош змев што ја грабнал неа, убава девојка од далечна земја, и сега веќе двата остареле во оваа куќа, загинала и неговата сила и нејзината убост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Некој ја фати под мишка, ја довлекува до себе и таа само чувствува дека некоја силна рака ја држи, ја стега и ја влече напред.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И наеднаш како некоја силна рака да им се препречи, запреа. Завладеа чудна тишина.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ако ова е премногу сложено, мора најнапред да се преправа дека не ја чувствува страста што навистина ја чувствува, потоа да ја глуми страста што не ја чувствува и да се преправа дека некои силни напливи на огорченост, омраза и завист се невистински, или не се случуваат, или се нешто сосема друго.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Откако лекарите рекоа дека е некое силно труење и ја сместија Ели во еден кревет, цела ноќ преседовме со Вера крај неа.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Стегнати, собрани, тие ќе внесеа трепет и недоумица кај соговорникот, да не беше рибјиот поглед под нив, влажен и мирен, кој праќаше јасни пораки дека од неговата замајаност може да го истрга само некој силен страв, болка или страст.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Прескокам еден водоврик на свијокот и туку се зададе некое силно брчење.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Што мислиш ти: Јас сметам дек сите оние кои дружат со некоја силна желба не се спремни да ја напуштат надежта.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури ни тогаш кога таа надеж се води рака под рака со неверојатноста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И некој силен пламен ми се накрена. Ми го забра, ми го забради лицето.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Некоја силна дремка ме слегува од коњот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)