Можеби од другата страна на инструментот некој ситен човек, сличен на бубалка, внимателно слуша - го слуша тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Одбра неколку убави јаболка за себе, одбра потоа некои ситни и некои што беа почнале да скапуваат, стегна под мишката и малку сено, па грижливо затворајќи ја вратата, се врати во колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Таа рака честопати знаеше да дофати некоја ситна работа и да ја повлече, а откако ќе го оставеа дуќанот, оној ќе го извадеше украденото и ќе им се фалеше пред сите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Чајникот изгледаше во нив како некое ситно ваганче, бронзените чапчиња тонеа во дланките, а од лажичките, што ги извади од некаде, чиниш и не остануваше ништо.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Постојано ме гледаше како да зборувам за некоја ситна, љубоморна женска караница, па можеби тој негов поглед ми ги правеше зборовите толку бесмислени и не ми дозволуваше да се оправдам.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Само ја турнав чинијата за да ја оставам Маци да ја излиже, но уште пред да ја тргнам раката Маци ја подаде шепата за да ме гребне.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
„Ме болеше ама се смеев бидејќи тие веруваа дека сум некоја ситна алка во некој важен синџир!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се смеам и им велам: Немојте да ме омаложувате.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дали некој поради некоја ситна одмазда, или, дали бивајќи на списокот на неподобните и искористени „бели“, и мене ми беше утврден редот, немав ум јасно да утврдам.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Англичанецот ја викна за да ѝ даде некоја ситна пара.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Ја познавам оваа жена, одговори Жил Бутрен. Еден лекар од Дубровник ми ја раскажа нејзината приказна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)