некој (зам.) - црвен (прид.)

Сега некој црвен виор ме буди во сонот и во пределот како во света земја гледам: не догорува огнот и не гаснат ѕвездите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Апостол Макаровски ќе се поднагали сосила и некои црвени облачиња ќе почнат да му врват преку лицето, насадено со болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
II Пролетното сонце веќе заоѓаше над планината и околу него се собираа некои црвени облачиња што носат кучешки ветер.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Забелешка: треба што подетално да се објасни случајот кога обајцата здогледавме некои црвени дрвја немоќни да прозбориме свесни дека црвените дрвја се зборот кој го означува раѓањето на овој културно- историски споменик под заштита на државата дека црвените дрвја се знак за нашето враќање во петтиот век и дека го разбираме јазикот на тоа време.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И некои црвени и царски мрави ги оставаат мравјалниците и некои црни и непознати бубачиња идат. Првпат видени и првпат сретнати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)