И тој е судбина... клопче некое или како што е пишано...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој час некој или нешто се засенува од таа страна на прозорецот, потоа тивко и претпазливо тропка на џамот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Поради големата слабост, устата и очите му изгледаа непропорционално големи, а погледот како да му беше исполнет со смртна, непомирлива омраза кон некој или нешто.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И за тоа како некоја или нешто ти недостига.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Ако имате лична карта со дата на раѓање илјада деветстони осумдесет и некоја или згора, веројатно ќе помислите дека бевме комплетно ненормални.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Не можам мирно да спијам. Ме тормози некој или нешто.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)