нечиј (зам.) - глас (имн.)

К-о-ој е-е-е На Кочо Фидановски Ноќва некаде од далеку надоаѓа нечиј глас, од некои испоснички предели како да доаѓа, од некоја тврдина на детството како да излегува и постапно во тоа издолжено к-о-ој е-е-е ти го препознаваш гласот на својата мајка.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Три нешта На внука ми Ирина Пред засекогаш да се поздрави со светлината и сѐ друго што се обидуваше да распознае низ неа, тој слушна нечиј глас кој не можеше да го одгатне: да не би да си заборавил нешто да довршиш за да си бидеш сосема спокоен?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ме збунува. Одѕунува Нечие ехо, нечиј глас. Тоа сум пак јас.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Квечерина, поцрвенет од сонцето, со бело шамивче околу вратот, се пкажа откај планината нечиј глас со златни менѓушки, се спушти низ ливадите, се искачи на мојот чардак: Е-е-еј... – Е-е-еј...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Веднаш, мислиш ја знаеле пресудата уште пред настанот, се одвоил еден сув и висок, целосно ист и исто облечен како и другите негови врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не бил ни постар ни помлад од другите и како да наслушувал нечиј глас што веднаш ќе го повтори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Па учителке нема облаци, - писна нечие гласче од задната клупа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Не! - грмна нечиј глас и излета пред скалите од училиштето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Од што ќе живееме, а? - се чу нечиј глас од оградата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Пеперуѓи со оловни крила по цвеќињата Убавината има стрпливи двојници Зјае вратата кон полето со мермерна трева Ветерот трча по нечии гласови што се чинат детски А кога ја вглавивме вратата во шарките ноќта излезе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- Па, учителке, нема облаци, - писна нечие гласче од задната клупа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Нечиј глас вика: „ФЕЗЛИЕВ, ОТВОРИ. ИВАНОВ Е ТУКА, ФЕЗЛИЕВ...“
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)