Зелен отров, помисли. Како нечии очи. Избегнуваше да одговори.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Една квечерина стоев сам среде наосот. Во еден миг почувствува како од некаде ме гледаат нечии очи.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Освен мене, во храмот немаше никој, а сепак, нечии очи ме следеа скровито, упорито.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Немој да очекуваш дека тој танц ќе се смири за да ја здогледаш ти без мака човечноста во нечии очи! – рече старецот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Знам, досега никој не ти рекол дека така треба да биде: пред да ги подадеш рацете пред таква една мекост треба во нечии очи да откриеш пламенен повик.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Знам, досега никој не ти рекол дека така треба да биде: пред да ги подадеш рацете пред таква една мекост треба во нечии очи да откриеш пламенен повик.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)