Таа сигурно веќе одамна се омажила за некој друг и чува нечии други деца...
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Најпосле, до каде може да оди самообвинувањето? Може ли човек, како што се вели, да излезе од својата кожа и да биде во нечија друга?
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Не успевам Се обидувам да создадам нови спомени, да зачекорам по некоја нова улица, да допрам нечии други раце, да бакнувам други усни, да вдишам нечиј друг воздух... но не успевам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
А потоа му ја подадов мојата рака на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тогаш им зборуваше за она момче кое загина во Сплит и од нив бараше повеќе да не ги испраќаат своите деца таму да гинат за нечии други интереси, во некои краишта што веќе не беа нивни, туку туѓи.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Тогаш, во детството, очајот го ублажував со верувањето дека тегобноста ќе заврши оној ден кога ќе ја најдам таа друга рака, кога мојата и нечија друга рака, соединети, ќе тргнат заедно низ животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Влегувам во нечија друга куќа, во некое друго јулско претпладне.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Воопшто не се случува како нечија друга.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)