Оставена на милост и немилост. на нечии туѓи зборови, туѓи прегратки, нечии чувства и нечии бакнежи, кои не ги прифаќам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Не сакам да бидам пион во ничии раце и жртвуван од некого ниту, пак, втор ешалон и да штитам нечии туѓи грбови.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Го прашувам дали е веќе милионер. Пушам нечија туѓа цигара.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Долго разговарам со некои од ѕвездите 87 вклучувајќи го и Stephen Daldry.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Цело време се поистоветувам со нечиј туѓ живот, но сфаќам дека мојата приказна е само моја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Дали плачам нечии туѓи солзи или мои?
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Признавам, стражар сум. Но, не во нечија туѓа корист.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Не живеам, туку паразитирам во нечија туѓа утроба.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја мачеше само помислата дека пропуштила нешто во приказните за првите бакнежи, или дека, не дај боже, нешто ѝ фали, па никогаш нема да може да ужива во бакнувањето, во тоа грозно, агресивно и лигаво пикање на јазикот во нечија туѓа уста.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Не знаеше дури ни дали чувствува умор, зашто нозете сосема механички, како да се нечии туѓи, а не негови, во ритмички чекор се движеа под него.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Беше тоа нечиј туѓ свет и тој беше малечок за да ја сфати сета големина на празникот околу себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Секое ново сознание па и заблуда сигурен сум дека води кон разјаснување на случајов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Секое ново сознание е корисно - реков следејќи го бавното оддалечување на иследникот кон темнината во прозорецот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ова сакав да биде сфатено како приговор на неговото однесување бидејќи бев со впечаток дека него, за жал, некои битни моменти од моите искажувања го одминуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Затоа и настаните низ кои минувам не ги сметам за арч на моето или на нечие туѓо време.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
КЛАУС: Значи ли тоа дека вашето незадоволство го гушите споредувајќи го со нечие туѓо и поголемо.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Живеете остатоци од нечиј туѓ живот. Пикнати во џеб.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
„Ало“, рече нечиј туѓ глас. „Да, молам“, возврати старецот. „Не пречете ми повеќе.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)