нешто (зам.) - друго (имн.)

Ако работодавачот го објавува слободното работно место и во средствата за јавно информирање, рокот за пријавување започнува да тече од денот на последното објавување (чл. 23, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Формалните договори можат да бидат раскинати со неформална спогодба, освен ако за определениот случај со закон е предвидено нешто друго или ако целта поради која е пропишана формата за склучување на договорот бара раскинувањето на договорот да биде извршено во истата форма (чл. 60, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ни создаваше претстава оти секој ден јадеме нешто друго, а ние всушност постојано го јадевме истото тесто!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Откако чорбата ја консумиравме, ни се понуди еден вид пржено брашно, нешто како тарана, а после тоа ни донесоа испржени мрсни парчиња говедско месо, колбаси и нешто друго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Тоа е просто, да не речам простачко, - го замолче Геро, не гледајќи повеќе во Евда колку во Ане. - Кажи нешто друго.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првиот, што можам и денес да го распознаам и за кој по нешто и знам (иако го пресретнав уште таму, на вратата од почетното распознавање на животните знаци), беше оној: дека сум најдена под високиот брест на тромеѓето помеѓу Моинци, Зрново и Подлог.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, гласовине, што не избираа ни час, ни време, дури ни патека само за да допрат до мене биле и нешто друго освен нашепнувања?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа влегле во големата просторија во која во два реда кревети лежеа педесетина жени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали поради загреаноста од пишувањето или пак поради нешто друго, му се причини дека студот што го чувствуваше утрово некако намалил и кога погледна низ прозорчето, виде дека надвор почнало да вее снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И кога ноќе, шепотејќи со дланка на уста молитви, ќе се сетел за таа глава, умирал; не можел да не мисли дека нејзиниот труп гние во призрачната куќа-кула чија чкртава врата непрекинато ја отворал и ја затворал лут северен предвесник на долга и тешка зима низ чии виулици ќе се тетерави безглава сенка на еден непокорен поет, оној што пеел помеѓу истрели за своите неродени деца и за нивната непозната мајка меѓу ѕвезди и сини пеперуги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што шепотел килавиот Јаков во тие ноќи - Спиј, главо, со крст над чело? Или нешто друго со непознати зборови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Којзнае што стана со човекот. Може некој да го уби заради алиштата, заради пушката. Или за нешто друго... 98
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А може да не умираа сите од глад. Може да умреа и од нешто друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не се догледуваат оти се во душата, а душата е секаде до кај што стасува умот. „Ако тревата мрда, а ветер нема, има нешто друго што не се гледа.“ Така велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да зборуваме за нешто друго... Што правевте вчера во Скадар, кај отидовте со толкава љубопитност за да видите некакви турбини со своите очи?“ „Ништо“ рече инженерот. „Освен што фрлив поглед на некои сомнителни работи околу браната, сето друго време го минав барајќи една кула.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„- Какво прашање“ рамнодушно одговори младиот Англичанец. „Мајка ми е убава, дотерана, цврста како челик. Што да ви кажам уште? Кога излегувам со неа, мислат дека сум ѝ помлад брат.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бездруго страшно романтично ќе ти зазвучат овие зборови а јас не можев да им избегам и веднаш, со првиот ред, да почнам да раскажувам за нешто друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Да беше јаничарството историска институција, воена, инструмент на освојување, таа така и ќе завршеше, но јаничарството продолжуваше, како аждер со повеќе глави, кој не можел никогаш да биде уништен, ако му била пресечена една глава, на истото место израснувала друга поголема глава, сепак меѓу нив имаше најмногу јаничари по судбина или по нешто друго загадочно и необјасниво за Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Маќеата Тимка го вадеше лебот од фурната и ми викна: Миле, што сакате за вечера да ви подготвам, прженици со сирење или нешто друго?, а јас ѝ реков: За мене не е важно, зашто јас не бирам ништо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одеднаш видикот ми го разубави една тешка бела мачка, ишарана со жолтопортокалови дамки, која лежерно се прошета по верандата и седна на скалите, вртејќи ми грб и гледајќи го истиот пејзаж како и јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Навалуваше сѐ повеќе и повеќе, и на крајот дури ми го отвори фрижидерот за да ме праша да не сакам да си изберам нешто друго што повеќе би ми се допаднало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
СОЊА: Со тие раце ти направи и нешто друго. БОРИС: Тоа го платив и преплатив. Ти двапати годишно проверуваше дали сум жив и ми честиташе на упорноста.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Во документацијата на Стејт департментот се укажува дека легациите во Белград и во Софија ги сметале Македонците за нешто друго а не за вистински „Срби“ или „Бугари“, без притоа да преземаат натамошни чекори кон признавањето на македонската нација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Не е изненадување тоа што американските дипломатски претставници на Балканот се поврзувале со владеачките елити во државите во кои работеле.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)