Е, сега, може нешто да сум изумила, а може нешто и да сум скрила.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Дури последната вечер, кога беа блиску до селото, по една недела пат, Башмајсторот го повика онојго крај огнот и пред сите му изброја сѐ, што имаше заработено, а му придаде нешто и од својот ак.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
— Сѐ нешчо и виде, и чу безбеле. Ете, јас чу оти поп Петко, излегол од Жиовчевите и си дошол кај ќерка му Бисера, најсна ли било?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)