Колку само светилки ни горат непотребно, колку само прегрејана вода истечува непотребно, колку само минути и часови телевизорот е вклучен, никој не го гледа, радиото е вклучено - никој не го слуша, а струјата тече, неповратно се губи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кожите ни дишеа секогаш различно, окото ни клептеше секогаш различно и различно броевме чекори детски и камчиња во чевлиња, различно ни гореа гласните огнови и писмата ги виткавме различно во различни бои со различни поштенски марки, цветни усни јазици зборувавме, децата нѐ гледаа, броевме, реката знаеше, броевме спомени и слики. Колку ли слики и спомени?
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)