ни (зам.) - доаѓа (гл.)

Пожарниот ја фрли цигарата надвор на песокот и рече, „Види кој ни доаѓа.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Им се радувам како што им се радував на бонбончињата што знаев дека ќе ги добијам од „волшебниот“ џеб на престилката од баба ми кога ни доаѓаше во посета.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но со некои од работниците таму збораме македонски и неколку пати ни доаѓаше полиција, ни се заканваја дека ќе не затвораат сите по ред.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ни нам ум не ни доаѓа, ама имаме оправдување – деца сме!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И, така, тоа попладне, можеби поради молбите на Мила да не ѝ го расипуваме уште тој ден час и половина што го има слободен, или затоа што и нам нѝ се правеше нешто, не знам што, но нешто друго и поинакво од вообичаеното, сите со воодушевување прифатија кога предложив да одиме во парк.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А ни доаѓа одеднаш, сето заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но кога почна стварта, кога сите се откачија, почнаа да ни доаѓаат деца и да нѐ тапкаат по рамо. Тоа беше толку слатко.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Во почетокот обајцата се чувствувавме прилично самосвесно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Градена е 1875 година и за неа дедо раскажуваше: - Тогаш, во турско, кога нашето село беше чифлик, почнаа да ни доаѓаат де попови од Бугарија, де попови од Грција.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На гости ни доаѓаа не само роднините, туку и сите жители од селата Долно Папратско, Новоселени, Лобаница, Косинец, Д`мбени, Смрдеш, Брезница, В`мбел и тие кои на печалба беа по градовите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Соништата ни доаѓаа мигум, набабрени и брзо минуваа како водите на реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)