Се разбира, не само што беше исмејан поради ова негово, како што беше наречено дрско капитуланство туку и го фрлија во брзакот, за да го проголта.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И кон кај што одат доктурите и сестрите, таму ни одат и очите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тие се пред нас, на секоја стапка и во секое време можеме да ги имаме, само треба да ги побараме со повеќе трпение, волја и идеализам, многу идеализам, та така животот да не ни оди напусто и без цел...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Говореше онаа мала топчеста бригадирка што ја плискаше со вода оној ден, беше се распалила, а образите и вивнале в огин: – Залудно ќе ни оди сета работа, додека сред нас има саботери.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Полесно ни одат оние, како ги нарекувате, девијациите! Признајте!“
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Имав една, Евридика се викаше. Не ни одеше, морам да признаам.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)