Навлегуваат во сокакот помеѓу оградата Јанческа и чифлигот Јаузоски и кога излегуваат од него и тие одат право по средината на Градишки Пат и право пругоре и право спрема кај нив одат прекутрупа по падините на Зедница.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Одморени и прегрупирани, од маршот Битола - Прилеп и од борбите со востаниците, турските војски тргнаа кон Крушево, вооружени и со силна артилерија. Пред нив одеа башибозуците.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
По нив одевме ние децата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
А Филозофот, небаре ги чита мислите мои како книга отворена, ме погледна и продолжи: „Не се само најдебелите конци важни; по нив одат само слепите и горделивите; преѓата ја сочинуваат токму ситните нишки, најтенките и најфините, оти само ситната преѓа е преѓа, а крупната клопче ортоми; тенките нишки, они на границата од видливоста се азното на словата, оти само тие сведочат за невидливото.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
При секој погреб, музиката одеше напред, по неа децата со бајрачиња, па попот; по попот мртовецот, а по него фамилијата гледајќи в земи, подофнувајќи си и придржувајќи се под мишките еден со друг; зад нив одеа роднините, блиските, потшепнувајќи нешто меѓу себе за клетата судбина на покојниот и издивнувајќи, по нив одеа подалечните пријатели и роднини, зборувајќи дека овој живот е ништо, ветер, сон, дека еден ден и нив ги чека ова; најодзади, раштркани без ред, чекорат, се влечкаат далечни пријатели, познајници, соседи, луѓе што од грев или милост дошле, зборуваат гласно меѓу себе за сè и сешто: за злобноста на овој свет, на овој живот, за лакомштијата на луѓето, за глупоста, за јаландуњата за лажовниот век; ја прекинуваат поворката кај што сакаат, стрчнуваат во продавницата да купат нешто, и пак се враќаат, клоцаат со нозете и по добиците што рикаат и се мешаат со поворката, се пулат во жените што запрегнати во кошулите перат алишта на езерото; разговараат за војните, за времето, за бериќетот; носат срп или вила со себе, и штом ќе стигнат до црквата, не чекаат да го стават мртовецот в гроб, туку се распрснуваат кој каде по работа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Истрча целото село да го пречека: напред одеа музикантите, свиреа со труби и тропаа на барабанчиња: нивната бучава го заглушуваше просторот; по нив, качен на коњ, одеше Лоте, облечен во алишта на витез; луѓето плескаа, го поздравуваа, а Лоте им мавташе со раката и им отпоздравуваше како да оди или се враќа од поход; зад него одеа циркуските коли ишарани со дречливи бои и креваа прав, тропајќи по нерамниот пат и влечејќи се бавно по преморените коњчиња што ги влечеа; од прозорчињата на колите ѕиркаа циркузантите со ишарани лица; по нив одеа кафезите со животни кои ѕиркаа низ решетките и ги подаваа муцките кон децата што трчаа по нив и врескаа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Пред нив одеше и мавташе со големите раце нивниот цар, Кузман.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Езерото се протегаше пред нив одејќи по патот на сонцето и водата се брануваше единствено од движењето на нивниот чун.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се разбира, со нив одеа и неколку раководители, но Зоки не се грижеше многу за нив. Нека се грижат тие за него!
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Кога се приближија, Трајче виде двајца врзани Германци, а по нив одеше Саво и ги спроведуваше со двајцата други партизани облечени во германска униформа.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Некои од нив оделе и во строј, пееле војнички песни.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)