Заплашувањето на првиот зимски здив внесуваше во нив бес - луташе таа мафија по улиците и оставаше зад себе јад и солзи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На луѓето им се одзеде сонот: стоеја на прозорците, ѕиркаа кришум да не ги забележи војската, да не им ја забележи радоста што им зрачеше на лицата од скорото пробивање на фронтот: и дење кога ќе врвеа војските по прашливиот пат уморени и јадосани, луѓето пак подбегнуваа понастрана, не сакаа да се сретнат со нив, не сакаа да ги дразнат со своите погледи, да предизвикуваат кај нив бес, зашто знаеја од поранешните војни: ранетата ѕверка не треба да се гиба.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)