нив (зам.) - најмногу (прил.)

Гемиџиите не се труделе да навлезат во суштината на анархизмот како филозофска концепција; нив најмногу ги интересирала и привлекувала практичната страна на ова учење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но Видуша го молеше да им дава и слики со дечиња зашто нив најмногу ги сакаше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од нив најмногу побегна...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Рацете и главата се најизложени делови од телото - со нив најмногу комуницираме со надворешниот свет.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Меѓу нив најмногу можеа да се забележат Југословени.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тоа најмногу предначеа нејзините врснички и другачки, а од нив најмногу Тасија Ризеска Дртма, мајка му на Алекса Ризески Дикса, и Илинка Јанческа Талеска Кривата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие двете раскажуваа дека често ја гледаат Трајана како излегува од гробот и како, потем исправена, онака висока и со пушката од Крстета Јанчески на рамена, сам Крсте Јанчески предложи да ја закопаат заедно со пушката негова, го причекува да излезе од гробот до нејзиниот, малечкото од Ордена Чибукоска, го закопаа во ист ден со неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)