нив (зам.) - никогаш (прил.)

Кога нема верни записничари на историјата, а нив никогаш нема да ги има, овие судски записи остануваат најверната историја.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Малечките балкански државици, што се заинтересирани и ги поддржуваат пропагандите, во прво време ќе ѝ се расрдат на Императорската султанска влада затоа што ќе им ги пресече „вековните“ привилегии, но ќе помине време и тие ќе се примират со отстранувањето на пропагандите, зашто тоа отстранување ќе биде во нивна полза: ќе престанат да ги праќаат во Македонија своите милиони франкови, од кои за нив никогаш немало и не ќе има никаква полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите пропаганди се пропаганди само на свои, но никако не и на наши интереси и од нив никогаш немало ништо особено за народот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Глас е тоа на јазик кој одамна исчезнал и во кој боите, должината и ритамот на самогласките меѓу нив никогаш веќе нема да се преповтори и слушне.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Многу почесто луѓето кои го предизвикале незадоволството на Партијата едноставно исчезнуваа и за нив никогаш повторно не се слушаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ниту една од нив никогаш не го контролира целиот спорен регион.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Навистина писмата редовно идеа редовно, но во нив никогаш не пишуваше дека Крстан ќе се врати.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но силата на власта имала свои напишани закони и уште повеќе ненапишани.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со казна на прогонство во непознати песочни далечини биле осудени сите машки на Кукулино над шеснаесет години, без оние што навреме избегале во планините, повеќето од нив никогаш да не се вратат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најелементарниот бон сенс би требало да ни сугерира дека тие се измениле или повеќе ги нема на овој свет, но на нив никогаш не помислуваме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас нив никогаш не сум ги сакал. - И цинично ме праша. - А ти? Не одговорив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Меѓу нив никогаш не провеа ветерот на помирување.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нив никогаш не ги забораваше. И кога имавме и кога немавме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)