Секогаш кога некој ќе влезеше во нејзината соба, во текот на разговорот погледот ѝ се вртеше кон масичката, таа забораваше дека безброј пати претходно го имаше повторено истото – “Ова е мојата малечка Лоте,” и ги земаше праменот коса и запчето, ги држеше на дланките, гледаше во нив онака како што децата гледаат во стакленце како во некаква бесценетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За оној којшто го зборува францускиот јазик овие фрази ќе звучат бесмислено, но, гледачот сепак ќе се обиде да се занимава со нив онака како што обично го употребува јазикот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Но знам дека не можам да се грижам за нив онака како што се грижеше Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајките на Густавите велат – сестра ти беше најдобрата мајка на светот, а Густавите потврдуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)