ние (зам.) - верува (гл.)

Напротив, ние веруваме дека е обратно, дека компјутерската метафора дава единствен хуманистички поглед на човечкиот род кој сѐ уште е компатибилен со најригорозните перспективи на коректност во физичките науки.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
А кога ќе му поверуваме, ние веруваме во вистинитоста на она што ни го кажува, а не во стварноста која е само надворешната рамка на таа вистинитост.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Штом може да се случува, значи дека може.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние веруваме. Тоа што за вас е чудо, за нас не е.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во разговорите со некои од протегеровистичките членови британските агенти заклучиле дека во нивните изјави немало ништо „ниту за македонските проблеми ниту сугестии за политичките qui pro qui и ние веруваме дека протогеровистите ќе работат против Германците“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британците биле свесни дека за вклучување на протогеровистите во реализирањето на нивните планови тие сигурно би побарале политички отстапки.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И во нив, во ветувањата ние верувавме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)